Од следната недела, Охрид со директна авиолинија се поврзува со уште еден европски главен град

Bez autora
Mar 11 2026

Македонскиот туристички центар, Охрид, и главниот град на Словачка, Братислава, од 17 март стануваат директно поврзани преку нова авиолинија.

Оваа стратешка врска е резултат на заложбите за зајакнување на економската и туристичката соработка меѓу двете земји.

Од Амбасадата на Словачка во Скопје истакнуваат дека ова е клучен чекор напред во продлабочувањето на пријателските односи.

Со овој потег, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ја збогатува својата мрежа на летови, нудејќи им на домашните и странските патници побрза и поефикасна врска со Централна Европа.

Инаку, воспоставувањето на оваа линија беше најавено пред два месеци од страна на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и словачката амбасадорка, Ивета Хрицова.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik